TВ СЕРИЈА "ИН КЛУБ"
“Top World“, во 2014 –та година започна со продукција на ТВ-та серија “ИН КЛУБ“, во која се промовираат нови производи, услуги или дејности од сите аспекти на животот, кои се полезни за луѓето и современиот и здрав начин на живеење. Специфичноста на оваа серија во однос на другите комерцијални серии е што продуцира едукативни ТВ прилози и презентации само на производи и услуги кои имаат предности во однос на нивната добробит за луѓето! Ако е тоа промоција на кола, за најбезбедните седишта за деца во колата, или за нивното најмало загадување на околината, ако се компјутери за најмалата штетност на зрачење врз очите на човекот, ако е рецепт, истиот да е со здрави намирници, ако е козметика истата да е органска и здрава козметика, ако е операција за најсовремените методи кои се најмалку ризични и штетни и сл. Во сé што работиме се водиме од критериумот сé што пласираме да е исклучиво и потврдено во полза за квалитетен и здрав начин на живеење, а не само современ и тренди... Таков е случајот и со критериумите на серијата ИН КЛУБ.