Деветти меѓународен филмски фестивал за културно, духовно, историско наследство и духовни вредности - „Богородичен Покров“





ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ



ПОКРОВИТЕЛИ


ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ 2024



ИНТЕРВЈУ

Државата треба да ги поддржи духовните проекти и веронауката

За идните планови на Меѓнародниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров”, основан во 2016 година, чиј генерален покровител од самото основање е Европскиот универзитет – Скопје, односно Бојо и Елица Андрески, со доделување на стипендија секоја година на највредниoт волонтер, за состојбите на духовните и хумани вредности во општеството и потребата на нивната поддршка од државата и во таа насока и за воведувањето на предметот веронаука во основните и средни училишта, разговаравме со Зорица Соломан Костовска.


Зорица Соломан Костовска

Линк до интервјуто на ВЕЧЕР кликнете тука



Прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Зорица Костовска, основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Зорица Костовска, филмски продуцент, режисер, сценарист, новинар, теолог и основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“ На средбата на која присуствуваа и македонскиот режисер Стојан Вујичиќ и српскиот продуцент од Будимпешта Милан Кичевац, претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните заложби за промовирање на културните и духовните вредности, како и за нивната идеја за изработка на филм посветен на Свети Наум, како заеднички проект на Македонија, Србија и Унгарија. Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка за нивниот ентузијазам за збогатување на културниот пејзаж, преку промовирање на култот кон Свети Наум, заедничкото наследство и хуманоста.

Притиснете на линкот тука

Гордана Сиљановска Давкова

https://pretsedatel.mk/sredba_04112024/