КОИ СМЕ НИЕ



Драги пријатели,

Top Wold - независната ТВ и филмска продукција е најголемата професионална љубов на брачниот пар Коле Јовановски и Зорица Соломан Костовска. Со својот бескраен ентузијазам и жртва, сосема сами, но, со Божја помош и соработка со на нив слични вљубеници во професијата и прекрасни луѓе, продуцираа од основањето во 1994 година до денес стотици ТВ и филмски програми и проекти, а Коле илјадници од разни жанрови вклучувачќи го и неговиот ангажман во националната Македонска Радио Телевизија – МТВ , каде беше вработен како монтажер и режисер. Со нас соработуваа и колеги од рангот на легендарниот Драги Таневски, директор на фотографија, добитник на најпрестижни интернационални награди од целиот свет кој и денес на 80 години сеуште работи со истиот жар, како и многу други! Меѓу нив се и покојните - режисерот Стојан Стојановски, креативен филмски ум кој ретко кој може да го достигне, Драган Абјаниќ, чии филмови се дел од национални установи и музеи во светот и други престижни имиња... Сите заедно се уникатни за своето време, бидејќи освен раскошниот талент, креативен дух и самопрегорната работа од љубов, многу пред времето, со својата дарба, успеваа да направат филмови и емисии со такви ефекти за кои воопшто не постоeше техника, бидејќи не беше измислена во нивното време...Спојуваа life слики со анимации, работеа монтажно анимации, кога анимации не се ни работеа, ставаа маст на објективот од камерата и добиваа чудесни fog фотографии, правеа чуда... И оставиja врвни дела зад себе во наследстсво... научија генерации и генерации на монтажа, режија и снимање а нивни ТВ и филмски серии се наставно градиво на Факулетети за драмски уметности. Тие беа и се вистински национални уметници, иако никогаш не беа прогласени, но најблиските и професионалците знаеја дека тоа тие се !!! Ги има многу повеќе, но, ова нека биде еден мал спомен и благодарност до сите нив од целиот наш народ! Се надевам дека еден ден дел од нивните големи дела ќе постави и нивата матична куќа МТВ на нејзиниот сајт не само за да им оддаде почит туку и да се промовира себеси на највисоко ниво со нивните наградени дела!

И мојот сопруг, маестро Коле, едуцираше од љубов многу генерации на off & on line монтажа , и неговите илјадници ТВ програми од сите жанрови се историја на Македонската телевизија – МТВ и на Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија МПЦ-ОА. За жал, и тој прерано се упокои, и сега останувам со едно ангелско крило да летам заедно со Вас!

Нашата мисија е, и останува да работиме заедно на возвишени вредности, за сé што е од полза за човекот, човештвото и таковината, а во слава на Бога! Со тие цели се изработени многу програмски содржини од доменот на културното и духовно наследство и хуманоста, документарни филмови, репортажи, интеревјуа, едукативно христијанско – православната серија По делата ќе те препознаам, како и современи емисии од аспект на едукација за иновативен, квалитетен и современ, здрав начин на живеење, како што е серијата Ин клуб.

Наш најзначаен непрофитен проект е Меѓународниот филмски фестивал Богородичен Покров, основан во 2016. година, со поддршка од стотици волонтери, Амбасади, институции и компании на кои бескрајно им благодариме! Овој фестивал е единствен кај нас со жанр на филмови посветени исклучиво на теми од културното и духовно наследство, хуманоста, семејните вредности, но и со филмови за детска филмска едукација со вистинските вредности... Тука се филмовите со тематика од историско-цивилизациското наследство, светското културно и духовно наследство на УНЕСКО, биографските филмови на заслужни великани од секоја држава, на светители, духовни личности, уметници, како и туристички и поклонички репортажи, но и хумани животни приказни како потсетување и пример за новите генерации, што е вистинска љубов... Со желба сме да ги обединиме и поттикнеме луѓето од сите држави , продуценти, режисери, сниматели, актери, да се ориентираат кон вакви и слични продукции, со што ќе се сее семето на доброто и убавото во медиумскиот и филмски свет и ќе се намали просторот на влијанието на злото кое агресиво ги напаѓа луѓето преку медимуите, а со тоа и нивните животи ! Со таа цел, на нашиот фестивал промовираме фестивали и од други држави, кои имаат слични програмски жанрови и цели, а досега е остварена соработка со фестивалите Сретение од Русија http://2019.vstrecha-obninsk.ru/ и Филмско Бдење душе http://www.bdenjeduse.co.rs/ од Србија. Сакаме да се здружиме во што поголем број, за да им помогнеме на луѓето да се раководат во изборот на филмовите и во животот од вистинските вредности, со што ја изградуваат својата личност и ставаат печат на својот идентитет, што е предуслов за здраво и среќно општество! Бидејќи нашиот живот има смисла и успешен е само ако сé што ќе допреме води кон добробит на луѓето, макар и на само еден човек, со што допринесуваме за развојот на целото човештвото. Зошто и со само едно чкорче светлина се осветлува и најтемната темина! Секој од нас доволно е да биде само тој мал зрак за да светот блесне во својата полнота од светлина!

Токму од тие причини имаме уште многу нови уникатни и доблесни проекти, филмски, телевизиски, музички, едукативни, детски и ако сакате да ги запознаете и да бидете дел од оваа мисија, отворени сме за соработка која е за добробит на сите луѓе! Затоа што, ќе завршам со зборовите од дамнешната репортажа која ја правев на карневалот во Рио де Жанеиро, во која инспирирана од луѓето од целиот свет, од сите нации, како заедно се радуваат, спонтано воскликнав пред камерата “Светот е една куќа, во која живее едно семејство, без разлика која боја е, вера или нација!” Ајде сите заедно да го правиме поблагородно и порадосно место за живеење, покажувајќи им ги низ својот пример на сите, а посебно на помладите, вистинските вредности на животот...
Ви ја посакувам сета среќа што тајно си ја посакувате во срцето и Ви е на спасение на вечната душа!
Го молам Господа да Ве благослови!

Ваша Зорица
ТВ и филмски продуцент
дипл. теолог и дипл. дипломат
E-Mail: topworldskopje@gmail.com