ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФЕСТИВАЛОТ „БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ“ (2023- )
Проф. д-р ЃОКО ЃОРЃЕВСКИ
Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски докторира на Понтификалниот универзитет “Грегоријана” во Рим - Италија.
Автор е на трудовите “Месијански псалми“, “Пентатеух“, “Толкување на избрани текстови од Мојсеевото Петокнижие“, “Старозаветна исагогика“, “Општ вовед во Светото писмо на Стариот завет“, “Прилог кон проучувањето на Соломоновата збирка од книгата Соломонови изреки (10,1-22,16) и др.
Учествува со свои трудови на над 40 конференции, семинари, религиски форуми во Македонија, Италија, Романија, Бугарија, САД, Велика Британија, Германија, Словачка, Албанија и др.
Објавил околу 30 статии, научни трудови и рецензии во земјата и странство. Од февруари 2010.година бил Амбасадор на РС. Македонија при Светата Столица (Ватикан).
Денес е професор и декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФЕСТИВАЛОТ „БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ“ (2016-2022
Проф. д-р ЈОВАН ТАКОВСКИ)
Проф. д-р Јован Таковски, протојереј-ставрофор, добитник е на златен медал „Св. Климент Охридски“ на највисоко државно ниво за неговиот живот и дело. Студира постдипломски студии во Париз на прочуениот Виши пастирско-катихетски институт, а докторира на темата “Просвештението во теологијата на Св. Климент Охридски“. Бил визитинг професор во Австралија, на Мелбурншкиот институт за православни христијански студии, при Универзитетот во Мелбурн. Има голем број значајни трудови, меѓу кои: “Патрологија“, Прва црковно- словенска граматика со црковнословенски-македонски речник“, “Македонска житијна литература од 9.до 18.век и др.
За прв пат преведува за МПЦ-ОА обемни дела од црковнословенски на македонски јазик, меѓу кои се: “Посен триод“, “Цветен Триод“, “Октоих“ - прв и втор том, “ Избор на месечни и празнични богослужби“, “Слова, поуки и житија на Св.Климент Охридски“ и др. Позначајни преводи од француски на македонски јазик се: “Мистичната теологија на Црквата од Исток“ на Владимир Лоски, “Бог е жив“, “Тартаренова трилогија“ на Алфонс Доде, “Јулија или Новата Елоиза“, “Општествениот договор“ на Жан Жак Русо, “Расказите на еден поклоник“ и др.
ПРОГРАМСКИ СОВЕТ НА ФЕСТИВАЛОТ „БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ“
СТОЈАН ВУЈИЧИЌ
Стојан Вујичиќ е меѓународно познат и признат продуцент и режисер со повеќе децениско искуство во Македонија и во светот. Учествува на голем број меѓународни филмски фестивали и добитник е на бројни награди и призанаија. Својот визуелен талент и стил му го посветува на теми главно поврзани со семејните вредности и децата. Тој е дипломиран менаџер за управување со човечки ресурси, а неговиот дипломски труд е со наслов “Менаџмент на човечки ресурси во филмската индустрија во Македонија.” Продуцент и режисер e во продукциската куќа “Dream factory” Македонија.
Режисер е на игран филм “Стела” и креативен режисер на игран филм “Дедо и внук”. Режира и 4 документарни филма: “Бено и Роза”, “Од каде дојдовме”, “Метох” и “Центар на светот - што
е љубов”, 3 краткометражни : “Допир”, “Брат за еден ден”, “Здивот ме врзува”, 1 ТВ филм –“Огин” и 1 Арт филм-“Распаѓање”. Копродуцент е на играните филмови “Мојата мајка е космонаут” и на играниот филм ” Ловци на вештерки”, кој е во официјална конкуренција на Tiff во Торонто и на Sundance film festival. Како копродуцент на играниот филм “Вера сонува за морето” е во официјална селекција на Mostra Internazionale d’Arte Cinematografica di Venezia/Inclusion EDipo Re award и добитник на Grand Prix award, на Токио IFF.
Неговото име е најпознато преку играниот филм за деца “Стела”. Во 2021 година, со овој филм учествува на фестивалот “Браќа Манаки” во Битола-Македонија и на Македонскиот филмски фестивал во Торонто - Канада како и на бројни меѓународни фестивали во многу држави, меѓу кои: Русија, Франција, Шведска, Шпанија, Чешка Република, Кина, Kореја, Аргентина, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска… Во 2022 година, добитник е на наградата Best Feature Film Award на Меѓународниот детски фестивал во Москва. Со истата награда се закитува овој филм на Diamond Eye FF, Санкт Петербург, во Русија -2021. Наградата Best Director award за “Стела” ја добива во Париз, на Paris Cinema Awards- 2021. и на фестивалот SEVIFF во Шпанија - 2022 . На детскиот фестивал - CHINH во Кина ја добива Сребрената награда- 2021. Во Србија, во Белград, на “Kids Fest”, ја има својата Гала премиера, како и на Cinedays IFF, во Скопје - 2021. И со краткиот филм Допир, “Touch”, присутен е ширум светот во официјална конкуренција на меѓународни фестивали во: Македонија, Русија, Швајцарија, Италија, Израил, САД, Мексико, Канада, Велика Британија, Холандија, Венецуела... Наградата Best actor ја добива на Eurasia International Monthly Film Festival во Москва, а наградата Honourable Mention award на Asia South East-Short Film Festival.
Со краткиот филм “Брат за еден ден” во 2016. година е во официјална конкуренција на бројни фестивали: Cinedays во Македонија , во САД- New Cinema Film Festival и Los Angeles CineFest, Forca Festival во Италија, Film Festival во Велика Британија, Arroios Film Festival во Португалија, TIF Video Challenge - Nicosia, Кипар,International Film Festival “Manaki Brothers”- Македонија, Film Feстивал “Delhi Shorty”- India, The Balkans beyond the
borders (BBB) - Софија, Бугарија, Children’s Film Festival - Бангладеш. Со филмот “Метох” настапува на Православниот филмски фестивал “Златен витез” во
Москва,Русија.
Исто така е Директор на фотографија на игран филм “Историја К”и ТВ серија“Патување со Рабробус”, како и координатор во постпродукција на играните филмови “Мисија Лондон” и “Височините”.
Живее и работи во Скопје.
ПРОГРАМСКИ СОВЕТ НА ФЕСТИВАЛОТ „БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ“
Проф.д-р АНТОНИО МИТРИЌЕСКИ
Интернационалниот режисер Антонио Митриќески награден е за филмовите “Ден“ и “Двобој“ со специјални дипломи и награда на градот Лоѓ.
За документарниот филм “Љубовта кон Кочо Топенчаров“ добива златен медал за дебитантски филм на Фестивалот за документарен филм во Белград. Филмот “Преку Езерото“, долгометражен филм, македонско - полска копродукција, премиерата ја има во Монтреал, а се стекнува и со награда од публиката на филмскиот фестивал “Браќа Манаки“ во Битола, во 1997.година.
“Како лош сон“, долгометражниот игран филм, македонско - хрватско - англиска копродукција, премиерата ја има и добива признание на 27. филмски фестивал во Монтреал. “Децата на Сонцето“, долгометражен игран филм, продуциран 2014. година, македонско – српска - копродукција, светската премиера ја има во Лондон, во официјална селекција на Raindance Film Festival, а се овенчува со златна медалја за најдобар игран филм на Македонскиот филмски фестивал во Торонто(“MFF”) и со награда за најдобар режисер на на филмскиот фестивал “Денови на Македонскиот филм“ во Сиднеј...
Митриќески учествува на голем број филмски фестивали во Европа, Америка, Азија, Австралија и Африка. Одржал работилници за филмската режија во Сиднеј, Белград, Лоѓ, Битола, Бари... Режира поголем број документарни филмови од историјата на Македонија.
Докторира во 2010.година на тема Теорија и практика на документарниот филм. Работи како професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
ПРОГРАМСКИ СОВЕТ НА ФЕСТИВАЛОТ „БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ“
МИРОСЛАВ-БАТА ПЕТРОВИЌ
Дипломирал историја на уметност на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград. Продуцира филмови од 1967. година. Автор е на околу 140 кратки филмови, 15 долгометражни документарни или експериментални филмови, 4 среднометражни филмови и 3 телевизиски документарни серии (со по 26, 35 и 12 епизоди).
Се занимава и со филмска продукција и пишување. Во рамките на неговата Fiks Fokus филмска и ТВ продукција продуцирани се околу 340 филмови од различни жанрови и должини. Автор е 4 романи, 2 збирки раскази и 7 есеистички книги за филмот.
Беше директор на 50-тиот јубилеен Белградски фестивал на документарен и краток филм во 2003. година. Вклучен е и во иницирање и организација на фестивали за краток и документарен филм.
Во 2007. година заедно со „Здружението на филмски и телевизиски работници на Војводина“ ја иницира и основа филмската манифестација „Филмско Бдение на Душата “ во Сремски Карловци, фестивал со филмови од теми од културата, духовноста и историјата на Србија. И денес е директор на оваа манифестација, која во 2024 година имаше свое 17 издание и се одржува покрај во Србија и во Унгарија, Романија, Словачка...
Фестивалот “Филмско Бдение на Душата “има редовна соработка со Фестивалот “Богородичен Покров”, од самите почетоци во 2016. година.
Во 2011 година организира Ревија на независни офф-филмови на Србија, „Српски Холивуд“. Еден e од основачите на Меѓународниот филмски фестивал „Кратки форми“ во Горњи Милановац и член на Советот од 2010 до 2018 година.
Во 2021 година го лансираше филмскиот фестивал “АРТ ФЕСТ”, на филмови за уметноста и за уметниците, кој се одржува во Белград и истовремено во повеќе градови. Во 2024 година тој се одржа истовремено во 16 градови во Србија и Република Српска, додека во 2025 година има пријави за овој фестивал за негово одржување во 20 градови.
Тој е еден од од основачите и на „ Фестивалот на филмови за природните науки “ во Смедерево, кој од 2023 година го организира Смедеревскиот музеј.
Живее и работи во Белград.
ПРОГРАМСКИ СОВЕТ НА ФЕСТИВАЛОТ „БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ“ (2016-2022)
ДРАГИ ТАНЕВСКИ
Драги Таневски е директор на фотографија на над стотина документарни филмови,на играни филмови електронски и на филмска лента и директор на фотографија на ТВ и филмски дела во сите жанрови.
Меѓу неговите наградени дела се: “Сестри“, документарен филм за кој ја добива наградата “Бронзен змеј“ во Краков, во 1992.година. Специјална награда во Токио добива во 1994.година за документарниот филм “Светица“. За “Децата од Шведска“, документарен филм на филмска лента е награден во Порторож.
На фестивалот “Браќа Манаки“ се стекнува со признание за континуирана дејност вo 2007. година. За документарниот филм “Долина на светците“ ја добива наградата на престижната “Златна Корија“ на фестивалот во Крушево, во 1999. година.
Документарниот филм “Планетариум“ е награден на документарниот фестивал во Њујорк во 2005. година, а втората камера во филмот е на Владо Јаневски.